Уште еден доказ дека СДСМ е најлошото за државата што фирмата Стратум Рид, која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации, пред изборите мести анкети за СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата е лажна и за политичка употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи. Компанијата која е соработничка на владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок. За сето ова говори и фактот што управителката на Стратум Весна Кузмановиќ е соработник и со Зоран Заев, што го потврдуваат и фотографиите кои во прилог ги испраќаме, пишува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.