Фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски. Вчера портаролот на СДСМ, Костадин Костадинов се обиде да спинува дека оваа фирма е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и со поранешниот премиер Груевски.
Но, документите од Службен весник покажуваат нешто друго.„Еко клуб“ во 2006 година добила дозвола за вршење на комунална дејност.

Со ова паднаа сите обиди на власта проблемот со „Дрисла“ и со сладирањето на отпадот да го припише на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера се обиде во јавноста да претстави дека отпад од “„Еко клуб“ се излеваат од возилата за транспорт и завршуваат во Вардар како и животни кои се хранат од остатоците од медицинскиот отпад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.