Општина Охрид денеска ја заврши постапката и избра фирма која ќе треба да ги урне сите дивоградби кои имаат решение за уривање. Но, од Општината не кажуваат колку такви решенија се издадени.

Општината избра економски оператор за рушење на дивоградбите, кој ги исполнува условите и критериумитепропишани во објавата и испратено е известување до истиот. Наредната седмица се очекува да се склучи договор со избраниот економски оператор. Во овој момент нашиот одговор е дека Инспекциските служби се постојано натерен, бројот на предмети со утврдени отстапувања од Законот за градење секојдневно варира и не можеме да соопштиме точна бројка на издадени решенија за отстранување на бесправно изградени објекти,велат од Општина Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.