СЕПАК, ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИСТРАГАТА!!!
Почитувани пријатели,
Овој коментар ви го испраќам како лична порака до Вас тројцата (Владимир Милчин, Александар Николиќ Писарев и Јорданка Ивановска Јоци), нешто пред 16.30 часот. Ќе го објавам вечерва, откако ќе биде донесена одлуката дали Катица Јанева ќе заврши во притвор. Не сакам до тогаш на ниту еден начин да влијаам на одлуката.
Сė во врска со Јанева и аферата “Рекет” засега се одвива според сценариото за кое слушнав пред десетина дена. Финишот треба да биде домашен притвор и на крајот банално обвинение, за жената да не била претерано посрамотена.
Во овој момент, навистина не знам дали тоа сценарио ќе се обистини. Но, сите заедно ќе знаеме вечерва. Ако се покаже дека шпекулациите биле точни, тогаш треба да се збогуваме со надежта дека постои сериозна спремност оваа афера да се затвори на тој начин што ќе има и правда и политичка одговорност.
Ако, пак, одлуката на Судот вечерва демантира дека постои такво сценарио – а многу посакувам моите извори барем еднаш да згрешат! – тогаш можеби има шанса за институционална разврска на скандалот. А со тоа и шанса за Македонија!
ПС. Ве молам чувајте ја оваа моја “ковертирана” порака во вашиот инбокс и не ја објавувајте пред време. Ви благодарам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.