Утринава, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција. Од Управата за финансиска полиција пак коментираат дека не е точно дека упаднале во домот на пратеникот.

-Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јаулески. Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството, неофицијално коментираат од Управата за „Фокус“.

Пратеникот Јаулески во изјава за МКД.мк рече дека упадот не е случаен, оти татко му е вработен во ЕВН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.