Албанци добија 30% од вкупниот буџет на Министерството за култура. Но, етничкиот критериум не бил единствениот по кој биле распределени парите од Годишната програма на Министерството за култура за 2019 година. Меѓу еднаквите Албанци имало и такви кои биле поеднакви – по партиски клуч.
Ниту Албанците не се задоволни со распределбата на парите за поддршката на проекти од култирата, анализира порталот InfoShqip.
Порталот објави дека Албанците имаат „забелешка на фамилијарните придобивки“ во распределбата на финансискиот колач.
Една од забелешките на Албанците се “фамилијарните придобивки”, како што е случајот со директорката на Радио програмата на заедниците, Ајтен Власку-Мехмети, која добила проекти за себе, за синот Арт Мехмети како и за ќерката Фјола Мехмети. Во Министерството за култура се зборува дека оваа “фамилијарна придобивка” се постигнала благодарение на интервенцијата на рејсот Сулејман Реџепи, кој побарал од министерот Асаф Адеми да го подржи ова семејство “домаќини”, чиј член Агим Мехмети, му ги пишува колумните и му должи плата која што најлесно може да се обезбеди на овој начин! Значи, Сулејман Реџепи ги пуштил канџите и во Министерството за култура! Зема од албанските даночни обврзници за да му се оддолжи на семејството на Агим Мехмети, кој му ја подготвува книгата со колумни, но реисот „немал пари“ за да ја плати! Министерот Адеми мора или да ја поправи оваа катастрофална грешката или да поднесе оставка, затоа што дозволил да биде манипулиран од страна на сомнителна личност за која целиот медиумски свет во Турција објавува извештаи за неговата криминална активност! Сулејмани Реџепи нема право да ја користи на Министерството за култура за задоволување на неговите болни интереси, министерот Адеми не треба да се осмелува личното пријателство кое го има со Мула Сула да го користи за перење пари, пишува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.