Финансиската полиција, на чиешто чело е Арафат Муареми од ДУИ, десетина дена ја чешла телевизија Алфа. Финансиската полицја главно врши проверка на документација на фирмата за финансиско работење. Според неофицијални информации се работи за контрола на договори за соработка меѓу телевизијата и правни лица.
Но, освен целосната документација за деловниот однос на Алфа со правни субјекти, од полицијата побарале и да им биде доставена на увид и целата програма на телевизијата Алфа, која ја побарале во .mp4 формат.
На први април годинава Скопското јавно обвинителство по добиена кривична пријава од непознат субјект поднесе кривична пријава против правното лице кое е сопственик на Алфа ТВ за предмет од 2013 и 2014 година, иако моменталното сопствеништво на телевизијата тогаш немало буквално никаква врска со телевизијата.
Алфа беше исклучена од Македонската медиумска асоцијација.
Кон крајот на минатата година Алфа беше симната и од кабелскиот оператор Телекабел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.