Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации од Центарот правел истражувања за набавени возила од страна на државните институции за ТВ 21 објаснува дека за нови возила за само две и пол години, државата потрошила 8 милиони евра. Купени се 392 возила по средна цена од 17.000 евра за возило или вкупно нешто над 8 милиони евра биле потрошени од страна на државните институции.

„Набавени биле 392 возила вкупно, и вредноста е 8 милиони и 130 илјади евра. Бидејќи просечната цена нема да го даде точниот резултат, средната цена е 17 илјади евра од возило“, вели Герман Филков



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.