Министерот за здравство, Венко Филипче му ја честита победата на својот старо-нов лидер Зоран Заев. Денеска СДСМ бираше нов лидер, а членовите на партијата имаа можност демократски да изберат меѓу Зоран Заев и Зоран Заев. Заев беше единствениот кандидат за лидер на партијата. Филипче по изборите напиша:

Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат.

Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ…

Posted by Венко Филипче on Sunday, 21 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.