Препишување терапија преку телефон и преку СМС пораки. Преку Вибер граѓаните од лекарите добиваат совети за кои витамини и антибиотици да користат додека состојбата не се подобри. Во македонскиот здравствен систем вака некако изгледа лекувањето на позитивни на КОВИД-19 со полесни симптоми кои се на домашно лекување. Ако состојбата се влоши се оди на лекар.
Лекарствата граѓаните ги добиваат од лекарите според нивно видување бидејќи протокол за лекување на пациенти од КОВИД-19 во Македонија се уште нема. Лекарите поради ова апелираат дека пандемијата трае веќе неколку месеци и срамота е сите земји во регионот имаат протокол и го дополнуваат односно надоградуваат неколку пати, а министерот за здравство Венко Филипче нема намера да изговтви протокол за македонскиот здравствен систем кој од ден во ден се повеќе крахира.
Лекарите апелираат дека ваков еден пристап кон пациентот е несоодветен и не соодветствува со лекарската етика, затоа што општо познато е дека физичкиот преглед кој треба да се одвива во амбуланта, треба да биде директно меѓу пациентот и лекарот, при што лекарот го применува протокол за општ преглед и дури тогаш може да се воспостави дијагноза, ординација на лек или понатамошен третман во соодветна специјалистичка институција.
Според лекарите третманот по телефон оди на штета на пациентот, но и на лекарот кој не може да даде точна дијагноза.
Протоколи немаме се уште. Србија и Хрватска 7-8 пати ги надоградија до сега протоколите, а ние немаме протоколи. Тоа не значи дека луѓето не работат, колегите дека не работат по протоколи, се користат протоколи од СЗО, од европски земји. Меѓутоа ние како земја немаме сопствени протколи кои што би биле за примарно, секундарно и терцијално ниво“, пред неколку дена нагласи Ленче Нелоска при своеото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Нелоска во своето излагање додаде дека со соодветни протоколи пациентите ќе се под контрола, статистики реални ќе имаме за ситуацијата со КОВИД во Македонија.
Порака до МЗ, ЛКМ, МЛД, Ве молам под итно преведете протоколи за КОВИД-19 и објавете ги!!! Хрватските се ок. Ова лудило мора да престане. Едуцираните и совеени матични лекари и оние од секундарното ниво на здр.заштита се под невиден притисок од пациентите да се приклучат кон ова лудило и епидемија од полипрагмазија. Штетата е огромна во секој поглед, па и во смисла на смртноста. Волку лекови одеднаш ни здрав атлета нe би издржал“, напиша Никола Пановски на социјални мрежи.
Без изготвени протоколи за работа при КОВИД-19 здравствениот систем во Македонија е неупотреблив, нема проодност за пациентите, здравствените работници се ставени меѓу чеканот и наковалната за да одговорат на потребите на пациентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.