Здравствените власти засега нема да преземаат нови мерки за заштита од ширење на корона вирусот, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Нашиот заклучок е дека остануваме со сегашните мерки. Сѐ уште нема доволно познати информации иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив. Сепак, директорот на американскиот институт за здравство д-р Колинс смета дека и за тоа нема доволно информации, рече Филипче.
Според него, некаква рестрикција во однос на затворање на границите, во однос на карантинизирање на патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија.
Соеви ќе се јавуваат и понатаму и остануваме со овие мерки кои се добро димензионирани, се става акцент на вакцинацијата. Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.