Засега нема дополнителни мерки, во понеделник со Комисијата за заразни болести ќе се разговара за делта сојот, ширењето на вирусот и можната заштита на границите, најави дека министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска се сретна со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

На состанокот со Комисијата за заразни болести во понеделник ќе зборуваме за ширењето на делта сојот и за можната заштита на нашите граници. Ќе ги слушнеме предлозите, но засега нема да има дополнителни мерки на територијата на земјава“, изјави Филипче на прес-конференцијата на која беше соопштено дека Хрватска освен 10 илјади вакцини „Астра Зенека“, ќе донира во Македонија уште 20 илјади вакцини, од производителите „Астра Зенека“ и „Модерна“.

Според Филипче, Министерството за здравство моментално е фокусирано на вакцинацијата.

Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени во земјава, освен во градовите Скопје, Битола и Тетово. Очекуваме до крајот на следната недела да имаме 500.000 вакцинирани граѓани, додаде Филипче и потенцира дека на некое места во земјава веќе е започната теренската вакцинација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.