Засега не доаѓа предвид воведување на нова рестрикција, но не можам да ја исклучам можноста, апсолутно. Епидемиолозите сметаат дека со овој интензивен пристап на анализа на контактите, тестирање и ставање во изолација во следниот период ќе се постигне резултат, изјави денеска минисерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање во врска со тоа дали Комисијата за заразни болести размислува за воведување на нови рестриктивни мерки, имајќи го предвид растот на новозаболени и починати од коронавирусот.
Го дискутиравме ова прашање на неколку последователни состаноци на Комисијата за заразни болести, дали ваква рестрикција на движењето е нешто што може да придонесе бројот на новозаразени да падне, но секогаш го имаме предвид и фактот што и овој бран тргна во моментот кога во нашата земја имаше рестриктивни мерки, а тие не се почитуваа и дека секое следно олабавување на мерките може да значи повторен бран. Во таа смисла, и олабавувањето на овие мерки беше донесено во пакет со т.н. меки мерки, а тоа е носењето маски и одржувањето дистанца. Засега не доаѓа предвид воведување на нова рестрикција, но не можам да ја исклучам можноста, апсолутно. Епидемиолозите сметаат дека со овој интензивен пристап на анализа на контактите, тестирање и ставање во изолација во следниот период ќе се постигне резултат. Сега жариштето е во Скопје, а во Тетово нешто помалку. Се знаат кластерите, а се знаат и контактите со кластерите, посебно од последните неколку денови, така што сега-засега продолжуваме со овој начин на работа, со овој пристап, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.