Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво. Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи, покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколите и мерките за заштита, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој им се заблагодари и на сите медицински работници, членови на избирачките одбори, Комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите.
Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно, со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите, напиша Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.