За сите граѓани кои ја примија вакцината на Астра Зенека во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски агенции, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој соопшти дека во Македонија лицата под 60 години нема да се вакцинираат со Астра Зенека, според последните препораки на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Во однос на претпазливост кај тие што веќе добија една доза на вакцина на Астра Зенека, тоа се луѓето коишто се вакцинираа со оваа вакцина во Србија нема никакви препораки за било каква претпазливост освен да ако имаат некакви симптоми се јават на контрола и преглед кај лекар. Во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од некои 3 месеци, засега нема некој став, ќе ги пратиме и насоките и од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе завземеме став и во однос на ова прашање, изјави Филипче.

Во денешната изјава за медиуми министерот д-р Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледуваше и ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови да секоја држава завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено е дека вакцината Астра Зенека кај нас ќе се аплицира исклучиво на лица постари од 60 години.

Освен 28-годишната девојка, кај која се јави тромбоза на вената на едното око, министерот вели дека друга не е пријавена, а досега се вакцинирани над 15 000 граѓани.

Утрово разговаравме и го разгледувавме ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината на Астра Зенека, после евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот излезе со две препораки, првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба за завземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината и согласно тоа после утринските консултации донесовме став да вакцината на Астра Зенека не се дава на лица помлади лица од 60 години во нашата земја, кажа Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.