Имаме балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност. Сметам дека следниот период до почеток на следната недела имаме простор да ги евалуираме резултатите од сегашниот полициски час, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот, во гостувањето на емисијата 24 Анализа, рече дека сепак не ја исклучуваат можноста за карантин и дека тоа веќе го најавиле пред два дена.

-Сметаме дека младите луѓе, и тоа го гледаме од епидемиолошките слики, кои што продолжуваат со комуникација без почитување на превентивните мерки по затворање на угостителските објекти се еден голем трансмитер на вирусот, изјави Филипче.

Не е точно дека системот некогаш бил загрозен, нагласи Филипче, посочувајќи дека се обзбедени доволно капацитети и дека се прават соодветни прераспределби.

Во однос на патувањата на владините функционери Љупчо Николовски и Драги Рашковски, министерот Филипче, рече дека во рамки на тоа што се ингеренции на Министерството за здравство, буквално секој случај од почетокот на кризата по соодветните анализи и уврдување на фактичката состојба, доколку треба или не, санкциониран.

– Индивидуалната одговорност е исклучително битна. Нашиот систем е така конструиран, изјави Филипче.

Според епидемиологот Драган Даниловски, ако навистина се заканува претрупување на болничкиот систем што ќе ја компромитира здравствената услуга генерално земена, смета дека е упатно да се направи краткотрајно затворање за да се намали брзината на зголемување на бројките, за да стивне ситемот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.