Министерот за здравство, Венко Филипче вели компаниите кои произведуваат вакцини против Ковид-19 не сакаат нивните продукти да бидат препродавани. Тоа, според него е причината зошто денеска беше откажано примопредавањето на фајзеровите вакцини од Србија.

Инсистираат на тие доверливи и директни договори со државата да се избегнат вообичаените процедури кои фармацевските компании ги имаат преку локалните компании, веледрогерии и претпоставката е дека ниту една компанија не сака да се најде во ситуација да некој нејзин продукт се препродава во некои регион во светот и затоа е тоа така, многу строг мониториран и контролиран процес, истакна Филипче во гостувањето во ТВ 21.

Инаку претходно и српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека сѐ е подготвено за Србија да ѝ ги отстапи вакцините на Македонија, но се чека одобрување од компанијата „Фајзер“ за вакцините да бидат пренаменети за македонскиот пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.