Министерот за здравство Венко Филипче го премолче одговорот на прашањето дали ќе биде тргнат од функцијата со реконструкција на Владата.

Тоа е нешто за што допрва треба да се разговара. Тие политички процеси се преговараат со партиите за парламентарното мнозинство. Тој процес ќе трае. Треба да работи, да остане тој кој се пронаѓа себеси во министерската работа, без разлика на ресорот, тој што покажал резултати, а евидентни се критериумите за успех во работата. Тоа го прави премиерот. Не се оптеретувам со тој дел, фокусирани сме на менаџерање на пандемијата, кажа Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.