Филипче информираше дека денеска од Инфективната клиника во Скопје со два контролни негативни бриса се испишани тројца пациенти и тие во сосем добра состојба заминуваат дома.

-За жал, имаме и двајца починати пациенти, еден на 68 години  возраст со тешка форма и претходни болести кој се лекувал на Клиниката од 29 март и пациент од Куманово на возраст од 70 години, за кој се уште го очекуваме тестот, а имал тешка форма на воспаление на белите дробови. Од кумановската болница е препратен на Клиниката за пулмологија и понатаму препратен на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.