За десетина дена Македонија ќе биде една од ретките земји во Европа што ќе ги вакцинира сите здравствени работници кои работат со ковид-пациенти, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на „Сител“.
Ние за десетина дена ќе бидеме една од ретките земји, каде ќе биде вакциниран целосно медицинскиот персонал. Со самата пратка на вакцините пристигнуваат документите, за кои подоцна потребно е да се направи административен записник. Што се однесува до остатокот од вакцините од Србија, следната недела ќе ги очекуваме да пристигнат во земјава. Во следните денови ќе се вакцинираат по 300-400 лица на дневно ниво. Исто како и јавните здравствени институции, и приватните центри ќе бидат вклучени во имунизацијата. Фајзеровата вакцина е специфична, но со оваа динамика којашто ја посочив ќе го испочитуваме распоредот. Што се однесува до кинеските вакцини, последните информации говорат дека тие ќе пристигнат во земјава до крајот на месец февруари, посочи Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.