Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашната „Клик Плус“ на ТВ21 повторно го коментираше ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој денеска после Советот за безбедност, кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.
Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.