Министерот за здравство Венко Филипче попладнево изјави дека во тек се преговори за набавка на 200.000 дози од кинеските вакцини.

Очекуваме детали да имаме во наредните неколку денови. Инаку станува збор за 200.000 дози кои планираме да стигнат од Кина. Сите 200.000 дози треба да стигнат веднаш, а тоа што го чекаме како детали овој период што е пред нас е точното време во кое треба да пристигнат, изјави Филипче за телевизија Сител.

Тој посочи дека вчера разговорал со претставници на компанијата „Фајзер” кои ни укажале дека тоа што прво ќе следува од нив е дозволата да се извезе една количина од Србија, односно тоа е првата количина што ќе стигне во нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.