Во следните седум дена можеме да очекуваме да стигна нарачаната количина од 500 илјади дози на „Синовак“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Утрово стигна таа информација за ‘Синовак’. Добра вест е дека тоа што е одделено како количина за нашата земја е во спакувани кутии со шприцеви, што го олеснува процесот за имунизација. Оставам резерва тоа да се промени, гледате со што се соочуваме, но верувам дека оваа најава ќе се оствари “, изјави Филипче.
Тој денеска беше на промоцијата на реконструиран оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, во вредност од 60 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.