На повидок нов скандал во здравството. Министерот Венко Филипче подготвува централизација на бизнисите со стерилизацијата во здравствените установи. Се подготвува ли централниот бизнис со стерилизацијата да го преземе под своја капа, бизнисмен близок до владејачката СДСМ?, пишува порталот „Лидер“.

Во Министерството за здравство е активен тендерот за стерилизација во здравствените установи, но она што е сега интересно тој е под нови услови, односно наместо секоја здравствена установа посебно да ангажира сервисна компанија за стерилизација, министерот Филипче објавува тендер кој ќе го добие една фирма и ќе ги опслужува сите здравствени установи во државата.

Тендерот наликува и е идентичен како и централизацијата на тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра кој по притисокот на јавноста пропадна. Во јавноста тежи прашањето дали, со истиот метод се спрема нова слична „шема“. Актуелниот тендер за централизација на стерилизацијата кој е објавен од министерството за здравство тежи над 13 милиони евра и трае до 21 мај.

Целиот текст на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.