На Инфективната клиника во изминавие 24 часа се примени четири пациенти, во моментов се хоспитализирани вкупно 67 пациенти, од кои шест се на машина за дишење, 12 се со потешка клиничка слика, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конфренција на која соопшти дека има пет починати и 29 новозаразени од Ковид-19 во Македонија.

Филипче кажа дека има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово која има Ковид-19.

Таа се уште е респираторно независна, но има значајно потешка клиничка слика. Интензивно се прати нејзината состојба, рече Филипче.

Во ГОБ„8-ми Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти, од нив тројца се на ресираторна машина, а 9 се со потешка клиничка слика.

Во Битола пристигнаа сите пацинети од Охрид, кои ќе лекуваат во овој регионален центар.

Во Штип се хоспитализирани четири пациенти, еден со средно тешка клиничка слика и тојца со лесна клиничка слика.

Во Скопје на клиниката за дигестивна хирургија, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани и неговите колеги- рече Филипче.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.