Категорично сум на ставот дека не одобрувам било какво групирање за празниците и апелирам на доследно придржување на препораките – изјави министерот Венко Филипче коментирајќи ги најавите за велигденските празници.

Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата, бројот на заразени очекувано расте и не смееме да дозволиме да се јават нови заразени од оние очекуваните.

Секое групирање е огромен ризик, апелирам граѓаните ова да го сфатат многу сериозно и празникот да го прослават соодветно со состојбата и да се придржуваат на препораките – потенцираше Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.