Филипче, вие и вашата влада сте најопасниот вирус во Македонија, порачаа граѓаните откако неколку дена по ред бројот на починати и новозаразени од коронавирусот е во голем пораст.
Пред само неколку дена на прес-конференцијата на која го најавија намалувањето на рестрикциите и укинувањето на полицискиот час, техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски зборуваа за тоа колку успешно се справуваат со кризата и дека епидемијата е под контрола.
Државата се надрасна себеси – во делот на струка, наука, компетенција, едукација, третман, епидемиолошки надзор, за што ни оддава признание и Светската здравствена организација, гордо соопшти Караџоски.
Граѓаните се гневни што вината за нивната лична неспособност Владата ја префрла врз народот.
Доста ни е од вашата разочараност! Тука сте да превземате мерки, да се грижите за општото здравје, а не Комисијата за заразни болести да ја претворате во политичко тело. Министре, ние не само што сме разочарани од вас, ние умираме поради вашата потчинетст, се вели во еден од коментарите на профилот кај министерот Филипче.

Видовме колку ви е битно здравјето на граѓаните. За пуста власт и фотелја ги укинавте сите мерки, само и само да се оди на избори. Се докажа вашето лицемерие и тоа колку сте расипани во душата. Уште еден доказ дека нема порасипано и погнасно нешто од политичари и политика.
ПС: Другари не се радувајте многу, да поминат изборите па се гледаме назад затворени во четири ѕида, се вели во друг коментар.
Во меѓувреме, покрај манипулирањето со бројките на заразени и починати од страна на Министерството за здравство, Македонија е меѓу земјите кои најлошо се справуваат со епидемијата во регионот.
Ќе имавте подобар резултат и ќе бевте ценет повеќе доколку си ја вршевте работата наместо да се занимавате со ПР на владеачката партија. А за резултатите, зборуваат отворањето на границите на соседите (за почеток Хрватска и Црна Гора) за добар дел држави кои според Вашата пропаганда имаат полош баланс на смртни случаи по милион жители од земјава, но за нас остануваат затворени, му порачаа граѓаните.
Во конкретни бројки споредено со земјите од регионот тоа изгледа вака

Mакедонија има убедливо најлоши резултати во справувањето со корона вирусот. Податоците од „Worldmeter“, нашите бројки се најлоши ако се споредат земјите од нашето опкружување.
По бројот на заразени лица на еден милион жители само Србија има поголем број на случаи. Ние имаме 967 а тие 1284.

Во однос на починати лица, Македонија повторно е на врвот. Само Романија има поголем број на починати на милион жители, додека останатите земји се движат околу 20. По број на тестови пак, само Албанија и Бугарија се зад нас, додека пример треба да ни биде Словенија која има приближно исти број на жители но и 37. 000 тестирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.