Одговарајќи на новинарско прашање на што треба да внимаваат граѓаните кои примиле вакцина „АстраЗенека“, дали тие треба да направат некаква контрола или крвна слика и како да ги препознаат симптомите на нус појавите од вакцината, министерот за здравство, Венко Филипче, одговори дека вакцината е безбедна.
Филипче им порача на граѓаните да не креваат паника и да бидат спокојни.
Нема никаква препорака дека било кој граѓанин кој примил таква вакцина треба да прави нешто во смисла на превенција. Во делот на давањето вакцина, ќе ги чекаме препораките, меѓутоа нема простор за паника, вакцината е безбедна. Тие тромботични ефекти се толку ретки што се споредуваат со тромботични ивенти и кај тие исти групи на граѓани според возраста и полот и согласно други здравствени состојби така да граѓаните треба да бидат спокојни – одговори Филипче.
Во моментов во земјава има препорака со вакцината на „АстраЗенека“ да не се вакцинираат лица под 60 години, согласно препораките што беа издадени во Канада и Германија минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.