Со одговорен однос и пристап кон здравствениот сектор и здравствените работници создаваме стабилен здравствен систем и креираме атмосфера во која младите здравствени работници својата иднина ќе ја гледаат дома, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет. Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет – порача потпретседателот Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.