Дебар, единствениот град каде беше прогласена кризна состојба поради коронавирусот, сега е град во кој нема ниту еден заболен од Ковид – 19. Министерството за здравство соопшти дека во шест градови во Македонија повеќе нема заболени, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Покрај Дебар, заболени нема и во Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар. Во Дебар беа регистрирани 51 случај на коронавирусот.

Од нив четворица починаа, а 47 оздравеа. Во Радовиш и Гевгелија имаше по четири случаи, Струмица и Пробиштип по два, а во Демир Хисар само еден позитивен на Ковид – 19 и сега тие се во групата излечени граѓани.

Овие бројки му даваат надеж на министерот за здравство дека битка ќе ја добиме.

 

Полека ја добиваме битката со вирусот. Но, да не заборавиме дека сите мерки мора да продолжат да се почитуваат. Да бидеме доследни и одговорни до крај“, изјави министерот Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.