Министерот за здравство Венко Филипче појасни дека се уште е рано да се отворат градинките, а целта е да се заштитат и постарите затоа што децата се преносители на вирусот.
Можат да заболат со многу лесна форма меѓутоа ќе страдаат и постарите. Многу малку се деца и практично нема дете кое има тешка клиничка форма, но сметаме дека се уште е рано градинките да се отворат. Скринингот е при крај. Сега за сега нема да препорачам да се отворат градинките. Ќе ја следиме ситуацијата, бројките, анализата, контактите па ќе донесеме соодветна одлука, рече Филипче.
Тој најави дека ќе претстои интензивна работа на протоколите за училиштата во однос на тоа дали да работат со намален број ученици кои ќе престојуваат во училницата или во две смени, или со запазување колку што може во рамки на една училница исто како што сега се организираат настаните со курсеви, едукации и тн.
За сето тоа постојат овие епидемиолошки принципи. Сметам дека треба да се запазат. Се повеќе се нудат онлајн програми не само кај нас, во светот, веројатно некаква таква комбинација на онлајн програми со физичко присуство во училниците ќе биде не само кај нас, насекаде во светот, наведе Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.