Тешка стостојба на заболен од Ковид-19 значи кога пациентот е целосно зависен од респираторна поддршка, односно е ставен на респираторна машина и има отажнато дишење, односно ткивата не можат да се снабдуваат со кислород.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на прашање на МИА појасни дека тешката состојба кај пациентите кои се лечат од Ковид-19 е поради врзувањето на кислородот за хемоглобинот во крвта.

-Тие пациенти веднаш се приклучуваат на респираторна поддршка. Не само кај нас туку и во  други земји во светот има пациенти кои имаат тешка клиничка слика, а немаат претходни болести, истакна Филипче.

Министерот рече дека и кај нас има такви случаи и нагласи дека тоа се случува и кај помлади пациенти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.