Бирото за развој на образование (БРО) соопшти дека нема услови да се доделат свидетелствата на учениците по завршување на учебната година, притоа не соопштувајќи за какви услови станува збор. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од БРО не го контактирале Министертвото за здравство за ова прашање.

Лично сметам дека свидетелствата може да делат во училишните дворови, сега е убаво времето, изјави Филипче.

Тој додаде дека претставници на Министертвото за образование и наука (МОН) биле дел од менаџирањето на кризата.

Сè што може да се направи во надворешни услови, може да се направи, изјави Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.