Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“ вечерва беа на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство.
Ова е втор состанок, на кој одлучиле одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19.
Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19. Целосно ќе се опреми таа болница, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови. Сите ќе помогнат со материјали, со капацитетите кои ги имаат. Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.
Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници.
Трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните кои ќе се лекуваат таму, појасни министерот Венко Филипче, по средбата со сопствениците на болниците, а беше вклучен во живо во вестите на Сител.
Тие пак, од своја страна потврдија дека целосно се ставаат на располагање на државата односно на Министерството за здравство и ќе излезат во пресрет со кадар и материјали.
Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.
На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица“. Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.
Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници, додаде Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.