Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија „Сител“ предупреди дека со оваа динамика многу брзо ќе се исполнат и дополнителните кревети во Ковид центрите.
Обезбедуваме кревети и кадар, но тоа оди сè потешко. Спремни се дополнителни капацитети, но со оваа динамика може за кратко време и тие да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хируршките одделенија. Но, тоа значи дека сите доктори и сестри ќе работат со пациенти со Ковид и ќе запрат сите други прегледи и Мој термин. Обезбедувањето на кревети и кадар оди сè потешко, вели Филипче.
Се исцрпуваат капацитетите, вели Филипче.
Ако оди во оваа динамика, ако продолжи овој тренд, ќе почнат да се откажуваат закажаните редовни операции, едноставно сите доктори, сестри да бидат посветени на пациенти со ковид-19. Ова е криза насекаде, вели Филипче.
Вирусот е непредвидлив, однесе многу животи, вели Филипче.
Матичниот лекар е обврзан 24 часа, тие треба да ги прегледуваат пациентите, тоа не е од сега, тоа е години наназад, 24 часа треба да бидат на располагање за пациентите- рече Филипче.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19, починаа 40 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.