Министерот за здравство Венко Филипче по денешната средба со директорите на клиниките и ковид центрите, на Фејсбук напиша дека очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници.

На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, напиша Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.