Министерот за здравство, Венко Филипче за литиите во Струга каде имаше масовен собир на граѓани без почитување на мерките рече дека преставува непочитување на здравствени работници и на сите други кои два ипол месеци пожртвувано работат за да се излезе од кризата.

Ова е непочитување за граѓаните кои се придржуваа до мерките, повикуваме на граѓанска солидарност во интерес на индивидуалното и колективно здравје, рече Филипче.

Тој рече дека најостро ги осудува сите кои не ги почитуваа мерките и очекува темелна истрага за собирот и санкции за присутните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.