Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи, информираат од Министерството за здравство.
Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки.
Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.
До состанокот доаѓа по загрижувачкиот пораст од 101 новозаболен од кои најмногу, нив 59 се од Скопје, а од Куманово 12, Штип 7, Тетово – 5, Струга – 6, Прилеп 1… По состанокот ќе се знае дали Комисијата до Кризниот штаб и до Владата ќе предложи воведување на рестриктивни мерки и ограничување на движењето во пресрет на верскиот празник Задушници во петок и викендот. Министерoт Филипче вчера најави дека и таа опција е можна и дека се работи за општините Чаир, Сарај, Гази Баба и делови од Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.