Пандемијата во светот не стивнува, напротив бројката постојано расте, вирусот не заобиколи ниту една земја, не ја заобиколи ниту нашата. Нешто повеќе од еден месец кога првпат беше регистриран првиот позитивен случај во нашата земја и од тогаш до денес бројката на потврдени слуачи секојдневно расте, вели министерот Филипче.
Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално, што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување, што се уште му дава шанса на нашиот систем за одржливост и можност соодветно ги прими и амортизира сите пациенти без притоа да бидат пренатрупани нашите капацитети, додаде Филипче и нагласи дека сепак се уште сме во една форма на војна против Ковид-19.
Нагласи дека пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на заболени да расте.
-Ни претстои за жал и период во кој ќе расте и бројот на починати. За ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек кој што почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест, рече министерот за здравство и упати апел до сите граѓани да ги почитуваат препораките
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.