Само 9 од вкупно 56 приватни интернисти прифатиле да помагаат во лекувањето со пациентите со ковид 19 во државните болници.

Возраста на лекарите, но и работата со нивните пациенти е главна причина за ваквиот одзив вели претседателот на здружението на интернисти за ТВ24, Александар Манолев, претседател на Здружението на интернистите на РМ.

Деветемина интернисти кои доброволно се пријавиле за испомош во државните болници се уште не се распределени во државните ковид центри, бидејќи немаат добиено насоки од Министерството за здравство.

Министерот Филипче пред две недели изјави дека ќе побара помош и од приватните интернисти во справувањето со ковид кризата со оглед на тоа што постоечкиот медицински кадар во јавното здравство не е доволен. Пред средбата со интернистите Филипче тврдеше дека имало интерес и согласност сите 56 да учествуваат во работата во државните болници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.