Веќе се изготвени протоколи за функционирање на други сегменти, јавни институции, јавен превоз, фабрики и други. Следната недела по официјализирање на одлуките ќе бидат објавени во јавноста. На овој начин се подготвуваме за попуштање на мерките и враќање на животот во нормала, но со задолжителните мерки за претпазливост. Да не се олабуваме“ изјави министерот Венко Филипче.

Тој не сакаше да ги коментира студиите дека вирусот ќе исчезне до 16 јуни.

Во однос на студиите дека вирусот ќе изчезне до 16 јуни, не сакам да коментирам. Но, во нашите дискусии, многу тешко е да се верува дека вирусот може да исчезне – рече Филипче кој информира дека денеска биле екстрахирана крв за плазма од двајца ковалесценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.