Сите повредени пациенти од стравичната автобуска несреќа во Бугарија се стабилни и надвор од животна опасност, рече Министерот за здравство Венко Филипче по посетата на повредните.
Тој утринава во болницата во Софија ги посети пациентите кои ја преживеаја несреќата.
Веста за страшната трагедија што се случи во Бугарија не потресе сите. Многу млади изгубени животи, неизмерна тага и болка за семејствата до кои изразувам сочувство. Утрово во болницата во Софија ги посетив патниците кои ја преживејаа страотната сообраќајка. Во разговор со колегите од Клиниката, пациентите се згрижени, соодветно третирани и сите се стабилни и надвор од животна опасност, напиша Филипче на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.