Во гостување на Телевизија Сител министерот за здравство Венко Филипче рече дека се надминати проблемите со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.

Ние тоа го направивме со цел да ја забрзаме постапката. Отпосле не информираа дека се потребни на нивно барање, некои дополнителни документи и за наша сигурност се врати уплатата. Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш. Но сега, навистина не знам, очекувам информација, рече Филипче, додавајќи дека не сака да се обврзува со рокови кога тие би пристигнале во Македонија.

Вели дека за разлика од КОВАКС и Фајзер, оваа количина треба да пристигне наеднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.