Министерот за здравство Венко Филипче ја демантира веста дека му понудил оставка на премиерот Зоран Заев поради последиците со епидемијата од морбили.
Епидемијата е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната Влада во изминатите години и негрижата за здравјето на граѓаните. Доколку не прогласевме епидемија, сега државата ќе беше парализирана од огромен број на заболени лица.
Приближно 12,000 илјади деца се вакцинирани од 16,000 невакцинирани деца во градот Скопје. Родителите ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и голем е одѕивот за вакцинација. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво, напиша Филипче на социјалните мрежи.
Повикувајќи се на свои извори од Министерството, порталот „Магазин“ претходно денеска пренесе дека после вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.