„Можно е да предложиме некои мерки, во случај да процениме дека ризикот од влегувањето на граѓаните на овие земји во нашата земја може да го загрози нашиот систем. Денеска ја продолжуваме дискусијата, најверојатно и во текот на утрешниот ден. За време на викендот немаше некоја индикација за некоја голема опаснос но пак ќе кажам чекаме информации од повеќе градови и од Косово и од Србија, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека следните денови Комисијата за заштита од заразни болести ќе ја следи состојбата со развој на инфекцијата со Ковид-19 во Србија и Косово и ако се оцени дека има потреба ќе се разгледа можноста за воведување на одредени мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.