Задолжително носење маска на отворено, задолжителна самоизолација на оние кои чекаат тест за коронавирус, забрана за групирање на јавен простор и други мерки прифати собраниската Комисија за здравство по предлог на пратениците од власта.
СДСМ и министерот за здравство, Венко Филипче се повлекоа од предлогот да се забранат собири и групирања во домовите со што ќе се овозможеше полицијата да влегува по станови и куќи без судски налог. Власта се откажа од оваа идеја откако опозицијата реагираше дека ваквиот предлог е неуставен. Комисијата за здравство ги помина и останатите амандмани со кои се предвидуваат глоби за оние кои што ќе ги прекршат мерките, но и рокот во кој Владата ќе треба да донесе подзаконски акт со кој ќе ги додефинира здравствените мерки и протоколи за справување со ковид пандемијата. Овие амандмани заедно со владините измени за зголемени надлежности на инспекциските служби во законот за заштита на населението од заразни болести вечерва во 19 часот ќе се најдат на пленарна седница.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе присуствуваат на седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.