На прес-конференцијата, министерот Филипче се заблагодари на д-р Скано за прифатената покана за посета на Македонија, која е во рамки на соработката помеѓу локалната канцеларија на Светската здравствена организација и Владата во борба против пандемијата со КОВИД-19 вирусот.

„Во изминатите неколку денови имавме интензивни разговори за состојбата со коронавирусот, глобално, понатаму за регионот и посебно за нашата земја. Имавме продуктивни состаноци со Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, на неколку јавно здравствени установи, лабораториите во кои што се врши дијагноза на вирусот. Разговаравме за досегашното искуство во борбата со вирусот, активностите и мерките кои досега беа преземени и секако за следните чекори за справување со епидемијата. Светската здравствена организација е наш стратешки партнер, во многу сегменти во здравството, уште повеќе сега откако и ние како земја се соочуваме со овој голем светски здравствен предизвик”, истакна министерот Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.