Граѓаните по завршувањето на работното време може да се собираат на новогодишни и празнични забави во кафеани, а тоа, периодов е најголем ризик за ширење на заразата.
Ова е епидемиолошката логика за тоа зошто угостителските објекти наместо до 21 треба да работат до 18 часот, од овој петок до 21 јануари наредната година – образложи министерот за здравство, Венко Филипче.
Во меѓувреме, огромен е бројот на викендички што веќе се изнајмени. И ова е ризик за ширење на вирусот оти веројатноста дека во една куќа ќе се соберат повеќемина е голема. Но собирањето на приватен имот никој не може да го забрани оти Уставот го штити интегритетот на домот, иако може да се контролира од страна на Инспекторатот – вели Филипче.
Според здравствените власти, досегашните мерки даваат резултати, но ситуацијата се уште е критична. Сепак, не сметаат дека треба да се ограничи работното време и на продавниците и трговските центри, а ниту пак да се воведе задолжителен ПЦР- тест за влез во земјава.
На ваков чекор со задолжителен десетдневен карантин доколку се нема ПЦР тест за нивни државјани, се одлучи Србија, па за влез во оваа земја на Македонците, од 20 декември, ќе им биде потребен негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.