Размислуваме за мерка полициски час, за рестрикција на движењето во вечерните часоци, рече министерот за здравство Венко Филипче во разговорот за телевизија „Сител“. Рече дека во моментов нема потреба за тоа но дека не се исклучува.

Единствена разлика на која ние размислуваме е полициски час. Сега не е време, но се размислува за тоа. Рестрикција на движењето во вечерните часови. Секако сме препорачале мерки да луѓето нема каде да одат навечер, па затоа во ова време нема потреба од тоа. Секако имаме предвид што се прави во другите земји. Ако видиме дека немаат ефект мерките, ќе одиме со целосно затворање на угостителските објекти по одреден час, порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде има културни настани, вели Филипче.

Тој вели дека клучен критериум за превземање мерки се капацитетите на болниците за хоспитализации. Моментно, вели, има доволно места.

Филипче рече дека во сите земји се носат слични мерки како овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.