Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека соработката на Владата и општините се одвива беспрекорно. Тој ја истакна, како што рече, круцијалноста на таа врска на централната со локалната власт во создавањето на стабилен економски систем.

„Со овие политики ѝ покажавме на Европа, а и на светот дека нема да се откажеме од намерата да ја креираме најдобрата верзија од земјава, да им покажеме дека сме земја – со сериозна понуда и квалитет. Зашто ние навистина тоа и сме. Работиме за младите да ја градат својата иднина во своите општини. Работиме за Европа дома, кај нас, во Cеверна Македонија. Умееме и можеме да ѝ покажеме на Европа дека сме достојни да се приклучиме во Унијата, рамо до рамо со најразвиените земји“, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.